ДАЛИ СЕГА КАЛАС СФАТИ КОЈ ЌЕ ПЛАТИ? Според Захарова ракетите за Украина се „храна за мртовец“

Дали Каја навистина почна да разбира нешто? Ајде да ѝ помогнеме. Тоа е како да ви кажат да платите за храна, некој друг да ја изеде, а потоа да умре. Нели?, објави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

1,597

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас ќе сфати дека испораката на американско оружје во Украина нема смисла ако Европа ја плати сметката, предупреди руската портпаролка Марија Захарова, јави Спутник.

Захарова коментираше изјава на Калас која претходно изрази сомнеж дека Вашингтон навистина ќе испорача оружје ако европските држави платат за тоа.






– Ако ветувате испорака на оружје, а велите дека некој друг ќе плати, тогаш не сте вие што навистина испорачувате, нели? – гласеше изјавата на Калас.

Захарова оваа дилема на Калас ја спореди со слика во која Европејците плаќаат за храна што друг ќе ја изеде, па ќе умре.

„Дали Каја навистина почна да разбира нешто? Ајде да ѝ помогнеме. Тоа е како да ви кажат да платите за храна, некој друг да ја изеде, а потоа да умре. Нели?“, напиша Захарова на својот канал на Телеграм.

Реакцијата на портпаролката на руското МНР Захарова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп обелодени дека ракетите „Патриот“ се веќе на пат од САД за Украина, но дека истите ќе ги испорача Германија и дека САД ќе бидат целосно обесштетени.

Трамп изјави дека според новиот договорен механизам земјите-членки на ЕУ и на НАТО ќе купуваат оружје од САД. Тој најави и дека Киев во иднина ќе добие не само ракети, туку и антиракетни системи „Патриот“.

Шефот на САД претходно ѝ даде на Москва рок од 50 дена за мировен договор со Киев, најавувајќи 100% царини за руска стока и дополнителни такси за земјите кои купуваат руски енергенси, ако нема договор.

Поврзани содржини