„ДАЛИ СЕГА ЌЕ ВИ СЕ ПОСРЕЌИ СО ПРИХОД НАСТРАНА?“ Обложувалниците го обвинија премиерот Ковачевски дека едно зборувал а друго направил

221

Премиерот Димитар Ковачевски ја манипулира јавноста кога вели дека со новите интернет игри на среќа ќе има либерализација на пазарот, а манипулација е и дека државата ќе има поголем прилив во буџетот, реагираат денеска од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

„За каква либерализација говори премиерот кога на незаконски конкурс, скроен за странски компании и одлука донесена тајно, се бираат новите компании партнери на Владата? Премиерот кој секојдневно посетува домашни компании каде кажува каква поддршка дава Владата за нив, реши да ги дискриминира домашните приредувачи на игри на среќа и да направи оглас со кој ќе се изберат странски, многу очигледно однапред договорени компании. Премиерот и Владата, цели седум години колку се на власт спротивно на законот не ги носат подзаконските акти на посточкиот закон со кој законски се либерализира пазарот како во сите европски земји и постоечките приредувачи можат да приредуваат онлајн игри на среќа. Ова не е никаква либерализација на пазарот, туку дополнителна монополизација на бизнисот од страна на државата со компании избрани на незаконски оглас“, се наведува во реакцијата на АСОМ.






Во однос на приходите за кои говори премиерот, тоа е уште една манипулација со јавноста, велат од АСОМ.

„Кога Владата го предлагаше новиот закон за игри на среќа, предлагаше неколкукратно покачување на давачките, огромен процент на данок за онлајн и земско играње на игри на среќа. Сега, Владата нема проблем да организира онлајн игри на среќа по закон за кој сметаа до вчера дека има прениски давачки. Го прашуваме премиерот, како тоа ќе печали државата по закон кој велевте дека има прениски даноци? Дали сега кога вие ќе си ги бирате компаниите ќе има и друг приход ‘настрана’ па давачките не се ниски?“, се додава во реакцијата на АСОМ.

Оттаму велат дека овие, како што велат, срамни одлуки на Владата, тајни договори и срозување на домашните компании од индустријата на игри на среќа ќе бидат оспорени пред институците и ќе одат до крај со барањето да се поништи овој незаконски повик.

 

Поврзани содржини