ДАЛИ СЕ СОБУВАТЕ ПРЕД ДА ВЛЕЗЕТЕ ДОМА? Кај нас, заборавена навика која се смета за примитивна, а во Норвешка – знак на општа култура
Што помислувате кога ќе видите чевли пред нечија врата во зграда? А што би рекле ако се случи такво нешто на лекар или во слична институција? Што мислите вие за оваа навика, дали треба повторно да се научиме на неа, особено кога ќе се земе предвид колку се валкани нашите улици?
Иако оваа навика била порано вообичаена и кај нас, особено во селата кадешто кога се влегувало кај некого дома, обувките се оставале пред врата, денес не само што е заборавена, туку се смета за примитивна, особено во поголемите градови. Во Норвешка пак, собувањето на чевлите е знак на општа култура и децата на ова се учат уште од мали.
Така, Норвежаните при влегувањето во куќата ги соблекуваат чевлите и ги оставаат на влезот. Тоа е знак на почит кон домаќините – за да не ја валкаат куќата.
Посебно е интересно што претежно сите со себе носат волнени чорапи, а потоа ги облекуваат кога ќе ги соблечат чевлите, наместо да бараат влечки од домаќините.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.