ДАЛИ СЕ ПОВТОРУВА ШПАНСКАТА ПРИКАЗНА ЗА КОЛАПСОТ НА ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА? Делови од Париз останаа без струја, граѓаните во хаос

Француските медиуми известуваат дека инцидентот утрово повторно го отвори прашањето за стабилноста на енергетската инфраструктура, особено во периодот на зголемена потрошувачка и тековните работи за модернизација на мрежата.

137

Делови од Париз утрово останаа без струја, соопшти операторот на електричната мрежа „Енедис“ на својата веб-страница. Но, јавноста го отвори прашањето за стабилноста на електричната инфраструктура, особено во време на поголема потрошувачка.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија влијаеше на неколку централни и периферни области на француската престолнина, предизвикувајќи сериозни тешкотии во утринскиот сообраќај и секојдневното функционирање на градот. Во моментот на прекинот, повеќе од 170 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.






Поради ненадеен прекин на електричната енергија, неколку линии на париското метро и приградските железници привремено престанаа да работат. Патниците беа принудени да бараат алтернативни начини на транспорт, а набрзо на улиците се формираа долги редици возила. Сообраќајните оператори ги предупредија граѓаните за можни дополнителни доцнења и повикаа на трпение.

„Енедис“ наведува дека техничките тимови интензивно работeле на отстранување на дефектот и дека снабдувањето со електрична енергија е целосно вратено.

Но, неколку часа по првичниот прекин, парижаните во делови од градот сè уште имаа тешкотии во секојдневното функционирање. Многумина не можеа да влезат во своите домови и канцеларии бидејќи електронските системи на влезовите не работеа.

Сепак, причината за прекинот на струјата останува неодредена, поттикнувајќи многу шпекулации и дополнителна загриженост кај жителите.

Француските медиуми известуваат дека инцидентот утрово повторно го отвори прашањето за стабилноста на енергетската инфраструктура, особено во периодот на зголемена потрошувачка и тековните работи за модернизација на мрежата.

Градските власти изјавија дека ја следат ситуацијата и дека јавноста ќе биде навремено информирана за нови детали.

Поврзани содржини