ДАЛИ СЕ ОВА НАЈСТАРИТЕ ФОТКИ ОД МАКЕДОНИЈА? Американец откри како изгледале Охрид и Струга во 1863 година (ГАЛЕРИЈА)

Коен решава да ја реши мистеријата, а да ја остави претходната мисија поради која дошол. Тој дознал дека фотографиите ги направил Јозеф Шеќељ(1838-1901), Унгарец кој бил на мисија финансирана директно од австроунгарскиот благородник Максимилијан Први(1832-1867), брат на царот Франц Јозеф. Богатиот брат на царот дознал дека младиот фотограф Шеќел отворил студио и во писмо му понудил да слика на Балканот.

3,310

Можеби најстарите фотографии направени на македонско тло потекнуваат од 1863 година, а биле направени од унгарски фотограф кој бил на експедиција по течението на реката Дрим па стигнал до Охрид и Струга. Но, сето ова не било откриено до 2000 година, кога Марк Коен, американски писател и истражувач случајно ги нашол црно-белите кадри во Националната библиотека на Австрија во Виена.

Коен всушност барал информации за претците на американските писатели со еврејско потекло кога во едно прашливо кутивче видел пеесетина кадри од Македонија и од Албанија. Во кадрите од Македонија гледаме древни слики од плажата Калишта во Струга, Јован Канео во Охрид, црквата Света Софија, Варош, поглед од кај денешната плажа викана Куба Либре. Тој ги овековечил и Битола, Прилеп, Велес и Демир Капија.






Коен решава да ја реши мистеријата, а да ја остави претходната мисија поради која дошол. Тој дознал дека фотографиите ги направил Јозеф Шеќељ(1838-1901), Унгарец кој бил на мисија финансирана директно од австроунгарскиот благородник Максимилијан Први(1832-1867), брат на царот Франц Јозеф. Богатиот брат на царот дознал дека младиот фотограф Шеќел отворил студио и во писмо му понудил да слика на Балканот.

Охрид гледан од плажата Куба Либре
црква Св.Софија
црква св. Софија
Карпите кај св. Јован Канео
Поглед на плажата кај Калишта во Струга

Св. Наум во Охрид
Св. Наум
поглед на Битола
Прилеп на зајдисонце
поглед на градот Велес
Велес со мостот

Во тоа време Шекељ имал 27 години, магистерски студии по фармација и докторат по хемија. Предавал кратко време на универзитетот, но потоа решил да се посвети на уметноста. Всушност, во тоа време прилично добро се заработувало од изработка на фотографии во Виена. Да се потсетиме, во 19 век ретко кој го знаел овој занает кој претходно го започнал Дагер во Франција со првите црнобели дагеротипии во светот.

Мисијата почнала. Австроунгарија сакала да види од каде и на каде тече реката Дрим. Експедицијата ја предводел Австро-Унгарскиот конзул во Грција , господинот Јохан Георг фон Хан (1811-1869). Истражувачите тргнале од Драч и од Скадар, па преку Призрен и Косово влегла во Западна Македонија кај Дебар, стигнале во Охрид, за да потоа преку Монастир (тогашна Битола), Демир Капија да дојдат во Солун.

Во Јули 1863 Шекел го добива писмото и се приклучува во експедицијата, каде што ги прави првите познати фотографии од Македонија во периодот Октомври-Ноември 1863 година. Експедицијата била завршена во Декември 1863 година .

Но, за жал, кога Јохан фон Хан и Јозеф Шекељ се вратиле, тие ги имале потрошено скоро сите пари добиени за експедицијата. Требало да ѝ платат на Виенската Академија на науки за печатење за нивниот извештај од патувањето, но го изоставиле печатењето на фотографиите за да заштедат пари. Фотографиите остануваат примопредадени на Академијата и завршуваат во една кутија во универзитетската библиотека која ќе биде отриена 150 години подоцна од Американецот Коен.

Американецот отпрвин напишал научна студија за она што го пронашол, а му требале седум години да ги објави фотографиите во книга наречена Записи со светлина: Рано фотографирање на Албанија и Југозападен Балкан“, издадена во 2007 година.

Претходно, Плусинфо објави како изгледал Охрид во 1913 години во врнобелите слики на еден турски фотограф. Тие неодамна биле колоризирани со помош на компјутерска програма.

ВАКА ЛИ ИЗГЛЕДАШЕ ОХРИД ВО 1913 ГОДИНА? Фотографии на Твитер фрлаат ново светло врз историјата на градот

 

 

Поврзани содржини