📷 ДАЛИ СЕ ОВА 13 ОФИЦEРИ ОДГОВОРНИ ЗА МАСАКРОТ ВО БУЧА? Меѓу нив е и „месарот“ Омурбеков, тврди „Сандеј Тајмс“
Офицерите, заедно со уште 12 команданти, се именувани во британскиот истражувачки извештај со целосни фотографии, титули и наводни злосторства. Истрагата, според „Сандеј Тајмс“ ја воделе независни правници и истражители користејќи отворени извори, сведоштва на преживеани и украински безбедносни извори.
Британски „Сандеј тајмс“ објави слики за кои тврди дека се од 13 руски офицери обвинети за масакрот во Буча во Украина. Меѓу нив е и „месарот“ Азатбек Омурбеков, командант на 64-та бригада, кого САД веќе го поврзуваат со убиства, силувања и мачења.
– Омурбеков бил главниот координатор на операциите во северна Буча и се смета за еден од најодговорните за масовните погубувања – изјави истражител за „Сандеј тајмс“.
Офицерите, заедно со уште 12 команданти, се именувани во британскиот истражувачки извештај со целосни фотографии, титули и наводни злосторства, пренесе Б92.
Истрагата, според „Сандеј Тајмс“ ја воделе независни правници и истражители користејќи отворени извори, сведоштва на преживеани и украински безбедносни извори. Офицерите се идентификувани по рангови, командни зони и врз основа на нивната директна или индиректна улога во теророт над цивилите.
В The Sunday Times вышла статья “Putin’s men unmasked”. В ней издание опубликовало ещё 13 имён русских офицеров, связанных с массовыми убийствами в Буче. О причастности пятерых ранее не было известно.
Новые имена в списке убийц:
Генерал-полковник Валерий Солодчук — командовал… pic.twitter.com/1fJAX1ST3x
— Denis Danilov (@DenisDanilovL) September 28, 2025
На листата се и генералот Валериј Солодчук, полковник Артем Городилов и други високи функционери на руската армија. Некои се веќе под санкции, а други се предмет на барања за апсење од меѓународни судови.
„Ова е прва објава. Следуваат нови имиња и барања за екстрадиција“, стои во извештајот.
Русија продолжува да тврди дека „Буча е исценирана“.
Мислењата за масакрот во Буча уште во април 2022 година ја поделија светската јавност, но и самите медиуми. Некои западни медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си, дури го користеа зборот „геноцид“, опишувајќи ги сцените како едни од најморничавите по Втората светска војна.
Украинската страна обвини дека руските сили извршиле масовни егзекуции врз цивили, жени и деца, при повлекувањето од градот. Руската страна, пак, категорично го негираше тоа, нарекувајќи го „инсценирана измама“ со цел пропаганден удар.
Британските медиуми го третираа случајот како типичен пример за воени злосторства од најтешка категорија, организирани, систематски и со директна одговорност од највисоките командни структури.