ДАЛИ СДСМ СЕ ПРИКЛОНУВА КОН РУСИЈА И КОН ДУБАИ? Партијата на Филипче втор пат одби европски проекти во Битола

Советниците на СДСМ, Поинаку и на Левица не гласаа 7 проекти во висина од 1 милион евра, кои беа одобрени од Европската инвестициска банка за Општина Битола, соопшти денеска Бојан Бојкоски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола.

345

Советниците на СДСМ, Поинаку и на Левица не гласаа 7 проекти во висина од 1 милион евра, кои беа одобрени од Европската инвестициска банка за Општина Битола, рече на прес-конференција Бојан Бојкоски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола.

– Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на последната седница предложи точка со која 7 проекти требаше да отпочнат со реализација, а финансирани од Европската инвестициона банка. Во моментот сме на булеварот 1. Мај каде што требаше да почне реконструкцијата на водоводната мрежа и за што е склучен договор за промена на коловозот, но истиот не доби поддршка од советниците на СДСМ, Поинаку и Левица – рече Бојкоски.






Тој ги наброја и останатите 6 проекти што денеска не добија поддршка од советницците од СДСМ, Поинаку и од Левица: Реконструкција на водоводната мрежа и на канализацијата на 4 улици – Гаврило Принцип, Паца Ванчова, Влатко Миленковски и 7-ма Бригада, изградба на водноснабдителен систем за селото Лисолај, втора фаза и изградба на фекална канализација во селото Трново, исто така, втора фаза.

– Ваквото одбивање и деструктивно однесување се случува по втор пат за проекти финансирани од ЕУ. Јавно ги прашуваме СДСМ дали со ваквото одбивање се против проекти финансирани од ЕУ и дали можеби СДСМ со ваквото однесување се приклонуваат кон Русија или кон омилената дестинација на Венко Филипче, Дубаи – праша Бојкоски.

Поврзани содржини