ДАЛИ РЕФЕРЕНТНИТЕ КАМАТНИ СТАПКИ МОЖАТ ДА ОДАТ НАДОЛУ? Европската централна банка ги чека јунските резултати од борбата со инфлацијата

Претседателката на Европската централна банка вели дека банката ќе ги оцени сите три критериуми за одлуката за каматните стапки, а тоа се изгледите за инфлација, динамиката на базичната инфлација и силата на монетарната трансмисија, пред да одлучи за промена на каматните стапки.

145

Податоците од јуни ќе бидат клучни за одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за можното намалување на каматните стапки, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

-До јуни ќе имаме нов сет на проекции кои ќе потврдат дали трендот на инфлација што го предвидовме во нашата мартовска прогноза останува на сила – рече Лагард во говорот во Франкфурт.






Таа изјави дека ЕЦБ „ќе знае малку повеќе до април и многу повеќе до јуни“ кога станува збор за потенцијалните намалувања на каматните стапки, пренесува Си-ен-ен.

Според неа, банката ќе ги оцени сите три критериуми за одлуката за каматните стапки, а тоа се изгледите за инфлација, динамиката на базичната инфлација и силата на монетарната трансмисија.

Претседателот на Европската централна банка смета дека трендот на намалување на инфлацијата во еврозоната ќе продолжи и дека таа ќе изнесува 2,3% во 2024 година и ќе падне на два отсто во 2025 година и на 1,9% во 2026 година.

Денеска централната банка на САД – ФЕД одлучува за тоа дали ќе ги намали каматните стапки. Покрај објавувањето на одлуката за каматната стапка по завршувањето на состанокот ФЕД ќе ги ажурира своите економски проекции како и неофицијалните прогнози за насоката на каматните стапки во следните неколку години.

Општо чувство е дека креаторите на политиките во ЕУ и САД ќе се држат до нивните неодамнешни пораки, кои нагласуваат трпелив пристап базиран на податоци без брзање да ги намалат стапките додека не има поголема видливост на инфлацијата.

Поврзани содржини