ДАЛИ ПУТИН БИ МОЖЕЛ ИСТОТО ДА ГО НАПРАВИ И НА ЗАПАДЕН БАЛКАН? Ескобар предупредува на врските на Русија со земјите од регионот
Тој за црногорскиот весник „Вијести“, изјави дека многумина од граѓаните на Украина, имаат длабоки врски со Русија и голем дел од нив, исповедаат длабока православна вера.
Сите земји од Западен Балкан да го повикаат рускиот претседател, Владимир Путин, на одговорност, поради неговите одлуки да му предизвика нехумано страдање на украинскиот народ, апелираше денеска, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Тој за црногорскиот весник „Вијести“, изјави дека многумина од граѓаните на Украина, имаат длабоки врски со Русија и голем дел од нив, исповедаат длабока православна вера.
– Како се одвива оваа хуманитарна катастрофа, додека се зголемува бројот на цивилни жртви, морате да се запрашате, на што е Путин способен на други места, вклучувајќи го и Западен Балкан – истакна Ескобар, коментирајќи ја Резолуцијата, освоена од Европскиот парламент минатата недела.
„Вијести“ пишува и дека со Резолуцијата, меѓу другото, се изразува загриженост поради обидот на Православната црква во земји како „Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, да ја промовира Русија како заштитник на традиционални семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и црквата“.