ДАЛИ ПРИНЦЕЗИТЕ ЌЕ ГИ ЗАДРЖАТ ТИТУЛИТЕ? Еве што ќе се случи со ќерките на Ендру по скандалот што ја тресе Британија

На британскиот принц Ендру му се одземени титулите и имотот, но што ќе се случи со неговите ќерки, принцезите Беатрис и Јуџин?

305

На британскиот принц Ендру му се одземени сите негови титули и имоти во драматичен потег на кралското семејство. Поради деценискиот скандал околу неговото познанство со Џефри Епштајн и негирањето на обвинувањата дека ја злоупотребил Вирџинија Џуфре, поранешниот принц сега ќе биде познат само како Ендру Маунтбатен Виндзор.

Многумина се прашуваат што се случува со титулите на наследниците во вакви, навистина ретки случаи?






Дали принцезите ќе ги задржат своите титули?

Принцот Ендру и неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, ги имаат ќерките принцезата Беатрис и принцезата Јуџин.

Тие се венчаа во 1986 година, две години подоцна ја добија принцезата Беатрис, а во 1990 година принцезата Јуџин. Се разведоа во 1990 година, но живеат под ист покрив повеќе од 20 години.

Принцезите Беатрис и Јуџин ќе ги задржат своите титули, според правилото утврдено од кралот Џорџ V во 1917 година. Правилото наведува дека принцезите ќе ги задржат своите титули бидејќи се ќерки на син на лице кое владеело со Британија. Едноставно кажано – нивната баба била кралицата Елизабета II, и тие остануваат принцези.

Поврзани содржини