ДАЛИ „ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН“ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ПОТЕСНАТА ЛИСТА ЗА ОСКАРИ? Публиката има клучна улога во гласањето за едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм
Во документарниот свет, Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, може да биде предвесник за следниот голем успех, влез во најтесниот избор за Оскар, а нашата Тамара Котевска со нејзината „Приказна за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји
Денес започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize, едно од највлијателните интернационални признанија за документарен филм, откако „Приказната за Силјан“ во првиот круг успешно ја доби номинацијата на овој фестивал.
Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на освоениот број на гласови.
„Приказната за Силјан“ се натпреварува со силни конкуренти од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и други земји, но тоа нека биде мотив да бидеме поангажирани и секако со заеднички сили да ги дадеме своите гласови, апелира тимот на Котевска.
Audience Choice Prize е награда што го издвојува документарниот филм кој ја освојува светската публика во дадената година. Во документарниот свет, ова признание може да биде предвесник за следниот голем успех, влез во најтесниот избор за Оскар. Затоа секој глас е важен и може да има значително влијание врз патот на филмот.
– Сега е моментот Македонија повторно да се обедини и да покаже колку силно стои зад своите автори. Сите сме за Силјан, сите сме за Тамара Котевска – пишува во соопштението за медиумите.
Гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize се затвора на 16.12.2025 во 02.00 часот.
За македонскиот претставник, филмот на Тамара, може да се гласа на следниот линк: https://cinemaeyehonors.com/audience-choice-voting/
Дали „Приказната за Силјан“ ќе влезе во потесната листа за Оскари ќе биде објавено на 16. декември во 22.00 часот од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.