Дали премиерот Спасовски по втор пат ќе оди во самоизолација?

1,548

За тоа дали премиерот Оливер Спасовски по вторпат ќе биде ставен во изолација, се чека мислењето на епидемиолозите, потврдија за Плусинфо од Владата. Спасовски вчера бил во Куманово заедно со директорката на УЈП , Сања Лукаревска, која денеска објави дека е позитивна на корона вирусот и е во самоизолација.

– Ги чекаме насоките и препораките од епидемиолозите. Штом ги добиеме, ќе постапиме веднаш и во целост согласно протоколите со избегнување и најмал ризик. Штом ги добиеме препораките, веднаш ќе ја известиме јавноста – информираа од Кабинетот на премиерот Спасовски.

Поврзани содржини