ДАЛИ ПОЖАРОТ ВО УНГАРСКАТА РАФИНЕРИЈА БЕШЕ САБОТАЖА? Орбан фрла сомнеж врз Полска и Украина
Полскиот министер за надворешни работи (Радослав Сикорски) ги советуваше Украинците да го кренат во воздух нафтоводот Пријателство (Баратшаг). Се надеваме дека тоа не е случај – напиша Орбан во врска со пожарот во најголемата украинска рафинерија „Дунав“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека добил извештај од Министерството за внатрешни работи за пожарот што се случи минатата недела во рафинеријата за нафта „Дунав“ во Сажаломбата, и дека „сè уште не се знае дали станува збор за несреќа, дефект или надворешен напад“.
Рафинеријата „Дунав“ во Сажаломбата, управувана од унгарската енергетска компанија МОЛ, е најголемата во земјата и првенствено преработува сурова нафта од Русија. Пожарот избувна ноќта на 20 октомври, а беше локализиран следниот ден.
Орбан во објава на Фејсбук рече дека „истрагата е во полн ек“.
„Рафинеријата во Сажаломбата е една од петте најважни стратешки индустриски постројки во Унгарија. Полскиот министер за надворешни работи (Радослав Сикорски) ги советуваше Украинците да го кренат во воздух нафтоводот Пријателство (Баратшаг). Се надеваме дека тоа не е случај. Цените на бензинот веќе скокнаа“ – напиша Орбан.
Тој додаде дека му наложил на министерот за економија, Мартон Наѓ, да преговара со раководителите на унгарската енергетска компанија МОЛ, и јасно да им стави до знаење дека компанијата не може да ја надомести загубената добивка на сметка на купувачите, со зголемување на цените на горивата.