ДАЛИ ПОРАНЕШЕН БУГАРСКИ ПРЕМИЕР ЈА ПЛАЌА КАМПАЊАТА НА СДСМ? Им даде ли Заев „бомби“ на Бугарите за пари за партијата, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче не е ништо друго, освен алатка за реализација на планот на Заев и неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на тој план за потчинување на државата во однос на Бугарија. Овој нивен план е откриен, Филипче и неговиот ментор и гуру се фатени на дело, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

714

 

СДСМ и Венко Филипче да не молчат, туку да одговорат дали Зоран Заев на поранешен премиер на Бугарија му понудил продажба на македонска телевизија и прислушкувани материјали, повика денеска ВМРО-ДПМНЕ.






„СДСМ лидерот го менува, но навиките не. Прислушкуваните материјали и купопродажбата на имоти, како и на државните интереси, продолжуваат да му бидат навика и на Венко Филипче, како на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев. Затоа го прашуваме Филипче да каже дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, како и една шема за купување на две големи фирми, од кои едната била телевизија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче да не молчи, повика партијата.

„Да одговори што содржел стикот со прислушкувани материјали, кој неговиот ментор Зоран Заев го дал на поранешен премиер на Бугарија, која сега ги злоупотребува механизмите на членка во ЕУ, за да ја блокира државата. Освен за стикот, СДСМ и Филипче, исто така, треба да кажат дали и зошто Зоран Заев понудил шема за купување на две големи фирми во Македонија од страна на фирми од Бугарија блиски до тој поранешен премиер и дали една од тие фирми е една голема телевизија, преку која требало да се врши бугарска пропаганда во државата?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука произлегува уште едно прашање, се додава во соопштението, на кое СДСМ и Филипче должат одговор.

– Дали ова е подарокот кој Заев го дал во замена за логистичка и финансиска поддршка што Бугарија би им ја давала на партијата и сега и во иднина и дали зад кампањата на СДСМ стои тој поранешен бугарски премиер со кој Заев е во контакт? Од сè ова можеме да видиме дека Венко Филипче не е ништо друго, освен алатка за реализација на планот на Заев и неговата таканаречена резолуција е само продолжеток на тој план за потчинување на државата во однос на Бугарија. Овој нивен план е откриен, Филипче и неговиот ментор и гуру се фатени на дело“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Нивните планови нема да успеат, затоа што на претстојните избори народот жестоко ќе ги казни, се додава во соопштенето.

Поврзани содржини