ПРОЧИТАНИ СЕ СИНДИКАЛЦИТЕ НА БАТЕРИИ Пешевски зел 80.000 денари плата?

Преведено во минимални плати, Иван Пешевски кој ги лаже работниците за минималец лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може нити за 4 години, додава Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека „игрите на Трендафилов и на Пешевски се прочитани“.

157

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) зема 80.000 денари плата додека ги лаже работниците со минималец, обвини на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги нарече Пешевски и потпретседателот на ССМ Слободан Трендафилов „синдикалци на батерии“.






– Дали Иван Пешевски е гласен синдикалец затоа што зема 80.000 денари плата? Синдикалците на батерии се прочитани. Според информациите, кои до нас ги доставија свиркачи од ССМ, на кои им е преку глава од злоупотребите на Трендафилов и Пешевски, овие двајца дебело профитираат. Имено, според информациите кои ги добивме, платата на Пешевски, кој деновиве глуми загрижен синдикалец е 3 пати поголема од минималната – реча Манасиевски од партиската говорница.

Манасиевски обвини дека Пешевски за 4 месеци заработува исто колку работниците за цела година, додека, како што вели, ги лаже со минимална плата.

– Но, тука не застанува лицемерието на Иван Пешевски, тој во 2024 и првите два месеци од 2025 година остварил и приходи по други основи со договори на дело и заедно со плата инкасирал 1,3 милиони денари. Преведено во минимални плати, Иван Пешевски кој ги лаже работниците за минималец лани земал пари колку еден работник од неговиот синдикат не може нити за 4 години – додава Манасиевски велејќи дека „игрите на Трендафилов и на Пешевски се прочитани“.

На новинарското прашање да го коментира случајот во кој е уапсена личност од обезбедувањето на премиерот тој вели дека СДСМ се однесува како дете наместо да ја поздрави акацијата на МВР која, како што вели, води бескомпромисна борба против секаков вид злоупотреби

– Наместо да ја поздрават акцијата на МВР и да научат како државата мора да ги победува тие кои ја злоупотребуваат, СДСМ како дете на кое ништо не може да му се погоди, само реагираат колку да кажат нешто, а во недостаток на автентична политика и конкретни и реални решенија. На СДСМ не му сметаше тоа што ДУИ владееше со улиците во Скопје и што заедно со мафијашките кланови кои сега се зад решетки хараа и уништуваа животи низ главниот град преку рекети, дрога, убиства и лихва, тогаш СДС молчеше и соработуваше со нив, но сега им смета тоа што се апсат сите кои несовесно се однесуваат во службата. Вакво лицемерие ниту имало, ниту ќе има. Токму затоа и поддршката на СДСМ е не цели 7 проценти. Ако не апси МВР лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ тогаш СДСМ обвинува за селективност, ако апси МВР блиски до ВМРО-ДПМНЕ, тогаш СДСМ обвинува  нешто друго. Човек крај не може да им најде на овие луѓе. Но, тоа нема да не поколеба да водиме бескомпромисна борба против корупцијата и злоупотребите што се рак рана на македонското општество и што како начин на однесување е сериозен проблем за институциите надграден и усовршен од СДСМ и нивното последно 7 годишно владеење – заклучува Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини