Дали Пендаровски ѝ испрати скриена порака на Царовска за учебниците?
Денеска, на 24 мај, ние во Република Македонија, заедно со другите народи од словенското говорно подрачје, го празнуваме делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Св. Кирил кое вели дека 'без книга сите народи се голи‘ и подложни на асимилација и исчезнување, напиша претседателот во честитката.
Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Тој, во честитката, меѓудругото, потенцираше дека „без книга сите народи се голи“, а токму ваквата негова реченица предизвика реакции кај граѓаните, кои на социјалните мрежи пишуваат дека претседателот на ваков начин сака да ѝ испрати скриена порака на министерката за образование, Мила Царовска, која води кампања за укинување на печатените учебници во образованието.
„Денеска, на 24 мај, ние во Република Македонија, заедно со другите народи од словенското говорно подрачје, го празнуваме делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Св. Кирил кое вели дека ‘без книга сите народи се голи‘ и подложни на асимилација и исчезнување. Создавајќи ја првата пишана словенска азбука – глаголицата и преведувајќи го Светото писмо и другите црковни и световни текстови на старословенски јазик, светите браќа отворија нови просветни, духовни и културни видици за словенските народи во Европа”, пишува Пендаровски во честитката за празникот.