Пејачката во април преку својот профил на Инстаграм откри дека му дала милион долари на универзитетот Вандербилт, кој труди да го пронајде вистинскиот лек за ковид-19.
Доли Партон донираше милион долари на универзитетот Вандербилт, во надеж дека на тој начин ќе им помогне да пронајдат делотворна вакцина против коронавирусот, на која тие секако напорно работат. Странските медиуми наголемо пишуваа за овој нејзин гест уште во април годинава, додека сега, пак, написите се менуваат. Имено, се покажа дека пејачката инвестирала во нив, додека бројни многу богати луѓе сè уште не, а на социјалната мрежа Твитер, набрзо ја нарекоа – спасителката од коронавирус поради ова.
„Модерна“, како што се наведува, во понеделникот ја процени својата вакцина 94,5 отсто делотворна, по многубројни истражувања, а кралицата на кантри музиката со донацијата се најде „во кругот со нив“ и сите ѝ се благодарни за тоа.
– Мене ми е само мило што помогнав. Кога ги донирав парите, сè што сакав беше да направат нешто добро со нив. Со текот на времето, се покажа дека тие го сторија тоа. Останува само да се надеваме дека тоа е навистина лекот по кој сите трагаме – изјавила таа за „Тудеј“.