ДАЛИ ПАМЕЛА АНДЕРСОН Е ВИНОВНА? Лијам Нисон го продаде својот пентхаус во Њујорк
Веќе се недели се зборува за новаата наводна романса помеѓу холивудските актери Памела Андерсон и Лијам Нисон.
Веќе се недели се зборува за новаата наводна романса помеѓу холивудските актери Памела Андерсон и Лијам Нисон. А и тие двајцата, кои во моментот го промовираат својот нов филм „Голиот пиштол 2“, со своето однесување ги подгреваат тие гласини.
Најновата вест која доаѓа од Холивуд е дека Лијам Нисон го продал својот пентхаус во Њујорк за 10,3 милиони долари, објави списанието „Пипл“, врз основа на записи за недвижности од 4 август. Ѕвездата на филмот „Голиот пиштол“, 73-годишниот Нисон, во март ја огласи недвижноста со пет спални соби и бањи, што е комбинација од три одделни единици, за 10,75 милиони долари.
Нисон претходно се обиде да продаде куќа од 4.524 квадратни метри за 12,75 милиони долари во 2024 година, според списанието „Архитектурал диџест“, но потоа се откажал. Тој и неговата покојна сопруга, акерката Наташа Ричардсон, го купиле имотот во 1999 година за околу 3,9 милиони долари, според „Роб рипорт“.
Во огласот се наведува дека куќата нуди прекрасен поглед на Централ парк и реката Хадсон и е само еден блок од популарната туристичка атракција.
„По влегувањето во домот, има големо фоаје што води до аголна дневна соба, кујна со трпезарија и прозорци и голема соседна аголна семејна соба. Главната спална соба се одликува со погодности како што се луксузна када слична на спа, будоар и домашна теретана“, се наведува во огласот.
Во меѓувреме, додадена е и перална.
„Исто така, има портир и надзорник кој работи 24 часа, како и теретана со базен и кошаркарско игралиште.“
Нисон ги освојува насловните страници во последните денови, бидејќи неговиот филм „Голиот пиштол“ се појави во киносалите минатиот викенд, а потоа извор близок до актерот потврди за „Пипл“ дека тој излегува со својата колешка Памела Андерсон (58).
„Тоа е романса во рана фаза. Вистинска е и јасно е дека се вљубени“, рече изворот, додавајќи: „Пем и Лијам навистина уживаат во меѓусебното друштво. Тие не претеруваат и всушност се многу приземјени.“
Секако, по веста дека Нисон го продал пентхаусот, се појави информација дека тој и Памела веќе избираат дом за себе.
Памела, случајно или намерно, дополнително ја поттикна веста дека двајцата се во сериозна врска.
На својот инстаграм-профил, таа објави нивна заедничка фотографија и напиша: „Ги поканувам пријателите, семејството, љубовниците … кој и да е, да го гледа филмот во кината“.
За да биде уште поинтересно, нејзината објава ја „лајкна“ и помладата сестра на покојната Наташа Ричардсон, Џоел Ричардсон, која стави неколку емотикони со срциња под објавата на Памела и со тоа, според многумина, им го даде својот благослов.