ДАЛИ ЈОВЕСКИ ГО СПАСУВАЛ МЕРКО ПРЕКУ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ? Поранешниот обвинител Димоски постави две незгодни прашања
Димоски го прашува Јовевски дали го спасуувал Мерко од затвор преку јавното обвинителство за организиран криминал каде што сега шеф е кадарот на ДУИ Ислам Абази.
Поранешниот обвинител од Охрид, а сега адвокат за кривично право Војо Димоски во пост на социјалните мрежи јавно му поставува две незгодни прашања на Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во кои бара тој да одговори колку тој придонел да се затскријат кривични дела кои се воделе против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД.
Димоски го прашува Јовевски дали го спасуувал Мерко од затвор преку јавното обвинителство за организиран криминал каде што сега шеф е кадарот на ДУИ Ислам Абази.
– Дали директно сте вршеле притисок предмет против Мерко кој се однесува на злоупотреби на продажба на општински имот да биде испратен во ОЈО за организиран криминал, каде што истиот потоа е „ставен на мраз”?- прашува Димовски.
Тој го прашува Јовески: До кога вака?
Димоски кој и самиот е под прогон на обвинителството го коментира соопштението со кое вината за случајот Мерко се бара само кај обвинителите во Струга, а притоа се заборава дека него го контролира Државното Обвинителство.
Според него соопштението е клише.
„Недозволиво е сета вина да се фрла на основните обвинители во Струга во услови кога постои републички обвинител задолжен за нивна контрола, како и Вишо обвинителство во Битола кое најмалку двапати во годината ги контролирало истите обвинители.Значи: некој треба да го контролира и нив и нивното делување. Јас најодговорно тврдам дека во ниту еден од записниците за контрола на струшкото ЈО не се констатирани недостатоци во постапувањето во предметите против Мерко. Зошто е тоа така треба да одговорат раководителите на Вишото во Битола, а особено претходната раководителка како и координаторот за струшкото обвинителство во Вишото обвинителство во Битола“, пишува Димоски.