ДАЛИ ОВА Е НАЈУБАВОТО ИЗДАНИЕ НА АМАЛ? Сопругата на Клуни се појави во уникатен фустан (ФОТО)

Амал повеќе од една година не се појавила на црвениот тепих, а многумина се прашуваа која е причината за нејзиното отсуство од медиумите.

1,763

Амал Клуни, познатата адвокатка за човекови права и сопруга на актерот Џорџ Клуни, по долгата медиумска пауза, повторно блеска на црвените теписи ширум светот.

Амал повеќе од една година не се појавила на црвениот тепих, а многумина се прашуваа која е причината за нејзиното отсуство од медиумите.






Во меѓувреме, странските медиуми изнесоа мноштво шпекулации за славната брачна двојка – од тоа дека е бремена до гласините дека Амал и Џорџ се разведуваат.

Сега, адвокатката се појави во јавноста поубава од кога и да било.

Имено, Амал го придружувала сопругот Џорџ Клуни на премиерата на неговиот најнов филм „Тендер бар“ во Лондон.

Амал, како и секогаш, покажала дека не греши кога се во прашање комбинациите за црвениот тепих, а моделот што го носела за оваа пригода, бил сошиен специјално за неа.

Фустанот без прерамки, со низа дискретни светки, во прекрасна нијанса на бела, долг до подот, неодоливо потсетува на венчаница, а деталите во форма на пердуви на ракавите придонеле за бомбастичниот ефект. Уникатниот фустан го усогласила со беж сандали и сребрени обетки, додека раскошната коса ја пуштила слободно да паѓа.

Иако и Клуни изгледал многу елегантно, целото внимание било насочено кон неговата поубава половина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Şamdan Plus (@samdanplus)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини