🎥 ДАЛИ ОВА Е НАЈНЕПРИЈАТЕЛСКИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ВО ИСТОРИЈАТА? Играчите на Бетис и на Комо си разменија шлаканици и боксови
Во моментите на тепачката, видеото покажаува дека напаѓачот на Бетис, Кучо Ернандез, влета во толпата со намера да удри еден од играчите на италијанскиот тим, но наместо тоа успеа да го удри соиграчот Натан.
Бетис и Комо вчера одиграа контролен натпревар во Кадиз, а според сцените од тепачката што се случи на теренот и споделени на социјалните мрежи, натпреварот беше сѐ, само пријателски не!
Голем број играчи од двата тима учествуваа во големата тепачка.
По завршувањето на првото полувреме, во кое Комо водеше со 2:0 благодарение на головите на Асане Диао и Лукас де Куња, се случи тепачка откако Пабло Форналс и Масимо Пероне разменија удари.
Во моментите на тепачката, видеото покажаува дека напаѓачот на Бетис, Кучо Ернандез, влета во толпата со намера да удри еден од играчите на италијанскиот тим, но наместо тоа успеа да го удри соиграчот Натан.
Форналс, и покрај тоа што прв удри, избегна исклучување, додека Пероне доби црвен картон на стадионот „Естадио Мунисипал де Ла Линеа де ла Консепсион“. Сепак, Бетис остана со еден играч помалку бидејќи Хектор Белерин беше исклучен.
Натпреварот заврши со победа на Комо (3:2).
View this post on Instagram