ДАЛИ ОХРИД СТАНУВА ИНТЕРЕСНО МЕСТО ЗА ГРАДЕЊЕ СТАНОВИ? Во ноември таму е предвидена градба на 140 станови
Во Скопје во ноември било предвидено да се градат 110 станови од кои 83 само во општина Центар.
Во ноември лани се издадени 318 одобренија за градење, што е за 10,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти државниот завод за статистика.
Предвидената вредност на објектите кои треба да се градат изнесува 11,726 милијарди денари, што е за 31,2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (53,8 %) е наменето за објекти од високоградба, 70 (22 %) за објекти од нискоградба и 77 (24,2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 318 објекти, на 182 (57,2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 (42,8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 655 станови, со вкупна корисна површина од 55.047 м2. Најмногу станови ќе се градат во Охрид (140), Битола (131) и во Струмица (129). Во Скопје и натаму на прво место за изградба на станови е општина Центар каде што е предвидено да се изградат 83 станови.
Во овој месец не е превидена изградба на станови во општините од Североисточниот регион (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане). Најмногу станови ќе се градат во општините од Југозападниот регион вкупно 175 каде што припаѓа и Охрид.
.