ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ БИЛЕ ВО ВЛАДИМИРОВО, НЕГРЕВО И ПЕХЧЕВО? Ако ве носи патот натаму, задолжително посетете ги овие локални херои

Го посетивме Владимирово и ги прашавме селаните дали може да се изнајми куќа за престој и колку би чинело тоа, а тие ни рекоа: „Само одберете си куќа и ќе ви платат вас само за да ја одржувате“. Ова е селото во кое пред некоја година се врати нашиот познат хармоникаш и композитор Горан Алачки и изгради етно-културен центар кој беше последната станица од нашата целодневна прошетка низ Брегалничкиот регион

556

Можеби не е за фалење тоа што и после пола век живот, сѐ уште не сум ѕирнала во секое катче од нашава земја, која не е толку голема за да не може да се прошета  вдолж и попреку за толку многу години, ама голем дел од неа, за мене е сѐ уште неистражен простор.

Вчера, откако со колешката се одвоивме од групата со која бевме да запознаеме дел од интегрираните туристички понуди за развој на активен, одржлив и рурален туризам во Брегалничкиот регион, се прошетавме низ Владимирово. Многу брзо стасавме до центарот на сите случувања, локалната продавница каде што владимирчани се снабдуваат со основните прехранбени продукти, но откако се затворил локалниот ресторан и единствено место каде што можете да седнете и да се напиете вода и кафе или барем да помуабетите со неколкумината останати повозрасни жители на ова село кои веднаш ќе ви ги објаснат приликите во родното огниште.






Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини