ДАЛИ НЕКОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ? Обвинителството соопшти дека негова е кафеаната што гореше утрово во Охрид
Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот Туристичка, во рамки на градскиот пазар Охрид, каде што рано утрово избувнал пожар.
Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.
Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот.