ДАЛИ НАВИСТИНА ФЕЈСБУК ИМА ДЕСНИЧАРСКА СОДРЖИНА Кои се топ 20 најчитани објави?
Откако беше обвинет за ширење десничарска содржина, Фејсбук откри дека неговите најчитани објави го вклучуваат прашањето дали шеќерот оди со шпагети.
Откако беше обвинет за ширење десничарска содржина, Фејсбук откри дека неговите најчитани објави го вклучуваат прашањето дали шеќерот оди со шпагети, пренесува Би-Би-Си.
Првиот извештај за содржината на вестите во САД се фокусира на тоа колку луѓе виделе одредена вест, наместо какво било друго мерење. Се покажа дека потрагата на зборови што ќе „ја откријат твојата реалност“, беше најпопуларна објава цели три месеци во 2021 година.
Слични, не многу сериозни објави, со огромен текст, спаѓаа во топ 20 најчитани објави.
Четвртото место, со 58,6 милиони прегледи и 3,8 милиони одговори, го зазема прашањето: „Ве молиме, решете ја оваа дебата, дали шеќерот оди со шпагети?“
Предизвикот „Јас сум стар, но изгледам младо“ го зазема првото место на најчитани објави.
Фејсбук страницата „Типична мајка“ се искачи на првото место како единствена која има две објави кои влегуваат во топ 20 најчитани: „Кажете ја вашата возраст со именување на концертот на кој сте присуствувале“ и „Што се случува во вашата глава кога на 24 ќе додадете 47?“.
Со овој извештај, се обидуваат да направат разлика меѓу она што е најгледано, детално опишано во извештајот и она кое луѓето го прават преку допаѓања, споделувања и коментирања. Овој начин докажува дека податоците кои се собрани со помош на алатката која Фејсбук ја има, за мерење на ангажманот кој сугерира дека про-десната политичка содржина доминира на Фејсбук.
Оваа информација излезе минатата година, а Фејсбук ги отфрли ваквите коментари со објаснување дека само 6 отсто од содржината која се чита и пребарува на Фејсбук е поврзана со политика.
Исто така, беа забележани две објави кои значително се разликуваат од другите топ 20: објава на Џо Бајден, 100 дена по неговото претседателствување, во која тој напиша дека „Америка се врати на вистинскиот пат“ и го зазема шестото место и видео за тоа како да се изгради мал базен за деца, кое се наоѓа на десеттото место.
Додека Јутјуб, Амазон и детската добротворна организација УНИЦЕФ беа трите најпосетувани страници, пет големи организации, Еј-Би-Си њуз, Дејли мејл, Ен-Би-Си њуз, Си-Ен-Ен и Си-Би-Ес њуз, влегоа во првите 20 домени.