ДАЛИ НАСИЛСТВОТО ВО КОЧАНИ БИЛО ПЛАНИРАНО ВО ДУБАИ? Филипче да побара оставка од својот советник во Кочани, порача ВМРО-ДПМНЕ
Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
СДСM повторно се впушти во опасно сценарио за дестабилизација и сеење страв. Секогаш кога СДСM се наоѓа во тешка состојба, наместо на решавање на проблемите посегнува кон нивните, и досега испробани, планови и сценарија за предизвикување неред. Овој пат не ги поштедија ниту жителите на Кочани, кои пред само неколку месеци се соочија со една од најголемите трагедии во државата, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Насилството на советникот на Венко Филипче од Кочани, Аки Акиов кој во општинскиот Совет со шише повреди вработена во општината, е почеток на реализацијата на темното сценарио за дестабилизација и предизвикување чувство на страв. Ова сценарио за дефокус и за дестабилизација во Кочани, всушност е сценарио за спас на политичката кариера на Венко Филипче, кој има рејтинг во рамките на статистичка грешка и на кого му се заканува дебакл на следните избори. На ова опасно сценарио, секако, му асистира добро познатиот креатор на мрачни сценарија, Зоран Заев кој е и ментор на Филипче. Ова нивно последно сценарио за сеење страв е дел од план кој Филипче го правел со Заев далеку од очите на јавноста, во Дубаи. Средбата на која го подготвиле ова сценарио се случила пред месец дена, а тоа е периодот кога јавно кажувавме дека Филипче е шест дена тајно во Дубаи, каде се среќавал со Заев“, објави ВМРО-ДПМНЕ.
Советникот Акиов е човек многу близок до Зоран Заев, тоа може да се види од јавно достапните фотографии и тој прв почна со имплементација на планот за спас на Филипче, се вели во партиската реакција.
„Внесување страв и паника кај народот од локални тепачи кои се закануваат, е добро позната и веќе испробана тактика на Заев, која сега ја применува Филипче. Дел од дословното спроведување на планот на Заев е и декларативното осудување на настанот. Филипче ако сака некој да му верува дека искрено се оградува од насилството во Кочани, јавно ќе се дистанцира и ќе побара оставка од неговиот советник. Но СДСМ и Венко Филипче немаат искрени намери, тие сакаа да направат хаос во Кочани, каде локалните силеџии, како нивниот општински советник, ќе го плашат народот и ќе го држат во грч и неизвесност. На граѓаните не му се потребни силеџиството, насилството и сеење страв што Филипче и СДСМ му ги нудат како опција. Граѓаните сакаат и заслужуваат политички претставници кои достојно ќе ги претставуваат и ќе работат во нивен интерес“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.