ДАЛИ НА БЕБЕТО МУ Е ЖЕШКО ВО СТОМАКОТ? Митови и вистини за летната бременост

Едно од „народните“ верувања вели дека на трудниците постојано им е жешко и дека сончањето може премногу да го загрее стомакот и бебето, па најдобро е трудницата воопшто да не излегува на сонце. Што е всушност вистина?

109

Раѓањето на нов живот е магично, но кога на тоа ќе му ги додадеме бројните „народни или бапски“ приказни за тоа што можат, а што не смеат трудниците, особено во летните месеци, добиваме неколку навистина неверојатни митови поврзани со летната бременост. Еден од најчестите митови е дека на трудниците, без оглед на летните горештини, им е секогаш жешко.

Регулација одвнатре
Точно е дека температурата на телото на трудниците е малку повисока од вообичаената заради зголемената работа на организмот заради бебето во развој, но неточно е дека трудниците постојано се „потат“. Што се однесува до топлината, еден од широко распространетите митови е дека трудниците не треба да се сончаат на плажа, бидејќи тогаш бебето во стомакот е изложено на дополнителна топлина.






Бебињата се апсолутно заштитени со регулирање на температурата на телото на мајката“, објаснува гинекологот Ула Мартон. Со други зборови, трудничкиот стомак може (умерено) да се сонча бидејќи внатрешната температура е регулирана со механизми кои не се засегнати од изложувањето на сонце. Сепак, важно е соодветно да се заштитите од сончевите зраци од 12 до 17 часот, користејќи крема со висок заштитен фактор, бидејќи нашата кожа е почувствителна за време на бременоста.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини