Славниот музичар Лени Кравиц се појави на ноемвриската насловна страница на списанието „Men’s Health“.
Социјалните мрежи се „вжештија“ од фактот дека музичарот има 56 години, а изгледа 20 години помладо. Музичарот покажа неверојатно фит тело, па се прашуваат дали Кравиц воопшто старее!
Кравиц до март одржуваше концерти низ целиот свет, сè до почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Потоа ја напушти својата куќа во Париз и замина на Бахамите, каде што планираше да престојува извесно време во својата куќа.
Неговиот багаж веќе бил опремен во Австралија, а како што рече во интервју за „Men’s Health“, поради пандемијата тој веќе петти месец живее со истите работи од викенд-торбата.
Судејќи според фотографиите, тешко е да се поверува дека Лени има 56 години.
View this post on Instagram
Cover of @menshealthmag November 2020. Read the full story at link in bio. 📸: @markseliger
ФОТО: Инстаграм