📽️ „ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ СЛИКАШ СО МАЈКА МИ“? Белингем имаше чудно барање од Мурињо

Мајката на Белингем со години била голем фан на Жозе Мурињо.

220

По крајот на финалето од Лигата на шампионите се случи интересен момент, Џуд Белингем побара од Жозе Мурињо да се слика со неговата мајка која била фан на Португалецот.

Мурињо беше на Вембли, го работеше финалето како фудбалски аналитичар, па по крајот на натпреварот беше на теренот.






Откако заврши церемонијата за доделување на медалите и големиот пехар, Белингем отиде кај Мурињо и го замоли да се слика со неговата мајка.

Мајката на Белингем со години била голем фан на Жозе Мурињо.

Португалецот на шала му рече на Англичанецот: „Сега дојди во Фенербахче“.

 

Поврзани содржини