ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ НАМАЛИ ХОЛЕСТЕРОЛОТ БЕЗ ЛЕКОВИ? Три главни начини за намалување на маснотиите
Оние кои веќе внимаваат на својата исхрана ќе забележат скромен пад на ЛДЛ, но треба да знаете дека исхраната богата со зеленчук, влакна и здрави масти има и други кардиоваскуларни придобивки, дури и кога ЛДЛ не се намалува значително. Многу соединенија кои се наоѓаат во нив помагаат да се ублажат воспаленијата и таложењето на наслагите во артериите.
Меѓу најчестите прашања што луѓето му ги поставуваат на лекарот е како да го намалат холестеролот.
Многу луѓе чија крвна слика покажува покачени масти во крвта, особено нерамнотежа на лошиот (ЛДЛ) и добриот (ХДЛ) холестерол, се надеваат дека ќе избегнат земање лекови, а значителен број од оние со покачен холестерол се интересираат за природни лекови за намалување на холестеролот.
Општо земено, постојат три главни начини да го намалите вкупниот холестерол под 5 mmol/l.
Тоа се: промена на вашата исхрана, земање додатоци или земање лекови на рецепт.
Но, доследноста е единствената гаранција дека ќе видите промена.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.