Дали може да биде опасен мутираниот вирус, ако сте го прележале ковид-19?
Истражувањето на британскиот професор Рави Гупта од универзитетот Кембриџ сугерира дека, кога станува збор за оваа мутација, антителата во крвта на оние кои имале ковид се помалку ефикасни во одбраната на организмот. Кога вирусот веќе мутирал, а антителата што ги има телото се „програмирани“ да се бранат од постарата верзија на вирусот, тогаш тие имаат многу помал ефект
Новиот вид на коронавирус што се шири низ Велика Британија во моментов е главната вест во светот, а едно од прашањата што се поставуваат е – колку се заштитени оние кои имаат антитела на постојниот ковид- 19?
Британски медицински експерти изјавија дека нема докази дека новата форма на вирусот е посмртоносна, но се покажа дека за 70 отсто е попренослива, јавува Би-Би-Си.
Коронавирусот постојано мутира и тоа е очекувано, сепак, во овој случај, експертите се особено загрижени.
Истражувањето на британскиот професор Рави Гупта од универзитетот Кембриџ сугерира дека, кога станува збор за оваа мутација, антителата во крвта на оние кои имале ковид се помалку ефикасни во одбраната на организмот.
Истата загриженост, како што пренесуваат странските медиуми, ја изразува и Тревор Бедфорд, биолог и експерт за генетика во Центарот за истражување на рак Фред Хачинсон во Сиетл.
– Видовме појава и ширење на неколку варијанти на вирусот, а некои покажуваат отпорност на третман со антитела – забележа тој.
Кога вирусот веќе мутирал, а антителата што ги има телото се „програмирани“ да се бранат од постарата верзија на вирусот, тогаш тие имаат многу помал ефект. Тоа е причината зошто редовно киваме. Нашето тело претходно произвело антитела против кивање, но нашето тело сè уште не успеало да произведе соодветни нови антитела за мутација на вирусот, односно причината за болеста, објаснуваат научниците.
Дали тоа значи дека оние кои неодамна заболеле од ковид- 19 сега можат повторно да се заразат со новиот вирус?
– Веројатно не – изјави за СИ БИ ЕС Скот Готлиб, поранешен комесар на американската Администрација за храна и лекови.
Германскиот министер за здравство Јенс Спан вели дека според она што во моментов го знаеме, дури и по разговорите спроведени со експерти од ЕУ, новиот вид (вирус на корона) нема никакво влијание врз вакцините што остануваат ефикасни.
Неколку експерти истакнаа дека развиените вакцини даваат широки реакции на имунитетот дека антителата што ги произведуваат ќе можат да му одолеат на мутираниот вирус. Сепак, тие не ја исклучуваат можноста дека ќе треба да се прилагодат во иднина.
– Можноста дека новите видови ќе бидат отпорни на постојните вакцини е мала, но не и непостоечка – изјави за Си-Ен-Ен д-р Монсеф Слауи, главниот научен советник за дистрибуција на вакцини на американската влада.
Според Шерон Пикок, директор на конзорциумот COVID-19 Genomics UK не постојат докази дека оваа мутација може да ѝ избегне на вакцината или на имунолошкиот одговор на организмот.
– Но, ако се појави инфекција и покрај вакцинацијата, треба да се третира како висок приоритет за генетско секвенционирање – рече Пикок, пренесува BMJ.com.