Дали молчеше или те замолкнаа: Први снимки од шокантното интервју на бремената Меган и Хари ВИДЕО

6,407

Во најавата за нејзиното интервју со кралскиот пар, што беше емитувано за време на паузата за вести во неделата на Си-би-ес, водителката Опра Винфри ѝ се обраќа на бремената Меган Маркл, која го гали својот труднички стомак.

„Дали молчевте или ве замолкнаа?“, ја прашува Винфри Меган, и додава дека само сака на сите да им стави до знаење дека нема тема што е забранета.






Во најавата Меган не одговара на прашањата на Опра, која во еден момент ѝ се обраќа со реченицата: „Ми звучи речиси неподносливо како да сте дошле до пресвртница“.

Тогаш на дамите им се придружил и принцот Хари, кој на моменти длабоко земал здив и ја држел за рака сопругата, открива најавата за интервјуто, што потсетува на драматичен трејлер за филм.

„Она што најмногу ме загрижи беше повторувањето на историјата“, вели принцот Хари, кој често зборуваше за своето скршено срце по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

Хари вели дека сè уште е очаен за нејзината смрт.

„Навистина ми олесна и среќен што седам тука со вас покрај мојата сопруга, затоа што не можам ни да замислам како ѝ било нејзе да поминува сама низ ова, пред толку многу години“, вели Хари, додавајќи дека ова било многу тешко и за нив, но барем се имаат еден со друг.

Ексклузивно интервју во траење од два часа, во кое парот разговара со славната водителка за нивната одлука да го напуштат кралското семејство и да се преселат во Калифорнија со нивниот син Арчи, ќе се емитува во целост в недела на 7 март.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини