Дали Меланија навистина има двојничка? Експертите откриваат што се крие зад фотографијата на „лажната“ прва дама (ФОТО)

Теоријата на заговор за двојничката на Меланија Трамп, која ја менува на јавни настани, кружи низ социјалните мрежи со години, а се појавува секогаш кога некој ќе забележи најмала промена во неа.

1,811

Теоријата на заговор за двојничката на првата дама на САД кружи со години на социјалните мрежи.






Фотографијата од насмеаната Меланија Трамп како излегува од хеликоптерот доведе до вистинска збунетост на социјалните мрежи, а многумина сугерираат дека тоа е всушност нејзината двојничка бидејќи нејзината насмевка не одговара на суптилното смеење што сме навикнале да го гледаме на нејзиното лице.

Теоријата на заговор за двојничката на Меланија Трамп, која ја менува на јавни настани, кружи низ социјалните мрежи со години, а се појавува секогаш кога некој ќе забележи најмала промена во неа.

Сепак, експертите сега откриваат како позната личност која инаку одржува израз без емоции, може да стане „непрепознатлива“ кога ќе се насмевне поради „кревање масни јаболчници“ и „движење на наборите на кожата“ на лицето.

фото: Твитер

Лекарот по естетика, д-р Хусеин Чема, за „FEMAIL“ изјави дека насмевката може драматично да го промени изгледот на славната личност, особено ако обично се фотографира со камено изразување на лицето, пренесува „Daily Mail“.

– Секој израз на лицето бара употреба на нашите мускули на лицето. Кога се насмевнуваме, мускулите се собираат во долниот дел на лицето за да ја покажат насмевката. Во исто време, масните јаболчници се издигнуваат над образите и се туркаат кон очите, правејќи ги помали – објасни тој.

Според него, ова не е двојник, но луѓето не се навикнати да ја гледаат Меланија Трамп како се смее.

фото: Твитер

Да потсетиме, Меланија беше фотографирана насмеана додека излегуваше од хеликоптерот на патот кон последната претседателска дебата.

На фотографијата Меланија носи големи очила за сонце и широка насмевка, но многу корисници на „Твитер“ токму поради тоа се посомневаа дека тоа е нејзината двојничка.

Поврзани содржини