ДАЛИ МЕГАН ФОКС Е БРЕМЕНА? Нејзиното момче пред сите го изјави ова (ВИДЕО)

Во текот на настапот на доделувањето на наградите Билборд Машин Ган Кели ја посвети песната на Меган и нивното дете.

228

Сите се прашуваат дали актерката Меган Фокс е бремена по четврти пат, поради изјавата на нејзиното момче на доделувањето на Билборд наградите.

На црвениот тепих прошетаа Меган Фокс (36) и музичарот Машин Кели (32), а актерката носеше гламурозен црн фустан.






Во текот на настапот Машин Ган Кели ја посвети песната на Меган и нивното дете, што ги збуни сите и ги подгреа гласините дека убавата актерка е бремена.

„Ова е за мојата сопруга Меган и нашето неродено дете“, рече тој објавувајќи ја песната „Twin flame“.

Меган има три сина со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Дејвид Остин Грин. Децата се викаат Ноа (9), Боди (8) и Џурни (5), додека раперот ја има ќерката Кејси (12) од претходната врска.

Меган и Машин Ган Кели се во страсна врска веќе неколку години и во секоја прилика ја покажуваат љубовта еден кон друг, понекогаш дури и на бизарен начин.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини