🎥 ДАЛИ МАКСО ЌЕ ИМ ГИ РАСИПЕ СМЕТКИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ? Партијата ЗНАМ влегува охрабрена и со големи амбиции во изборната трка

Во поткастот на Плусинфо, Максим Димитриевски, лидерот на ЗНАМ, тврди дека тој и неговата партија нема да бидат „јазиче на вагата“ туку фактор на стабилизација на Македонија, кој ќе добие огромна поддршка на изборите.

1,977

Максим Димитриевски, поранешен кадар на СДСМ, од 2021 независен градоначалник на Куманово, основач и лидер на партијата ЗНАМ – За наша Македонија, сега и нејзин претседателски кандидат, во поткаст на Плусинфо зборува за своите планови и амбиции и за големите очекувања од изборната трка.

– ЗНАМ нема намера да биде „јазиче на вагата“, како што тоа обично се вели, туку да биде фактор на стабилизација на Македонија, кој ќе добие огромна поддршка на изборите. Кога во државата постои разногласие по сите национални прашања и огромна поделеност помеѓу политичките субјекти, до ниво на личен антагонизам, тогаш ние набљудувани и страна изгледаме многу слаби и порозни. Потребно е да се постигне високо ниво на единство – вели Максо.






Во видео-интервју со уредникот Бранко Героски, популарниот Максо детално го образложува својот концепт на самоодржлива Македонија, која ќе стане почитуван субјект на меѓународната политичка сцена и од таа позиција ќе ги решава своите отворени прашања со Бугарија.

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ зборува за неговите односи со СДСМ, за шпекулациите за врските со Бранко Црвенковски, но и за својата цврста решеност да не потклекне на евентуалните уцени од албанскиот политички фактор при формирањето на идната влада по изборите на 8 мај.

Тема на видео-интервјуто со лидерот на ЗНАМ се и борбата против корупцијата, американските црни листи, како и црната кампања која започнува против него.

Поврзани содржини