ДАЛИ КОРОНАВИРУСОТ ПОВТОРНО МУТИРАШЕ? Луѓето се јавуваат на лекар со болки во стомакот, а всушност се позитивни на ковид-19

Српскиот доктор вели дека сите што се вратиле од одмор од Црна Гора го имаат овој симптом.

995

Д -р Александар Стојановиќ, директор на српскиот здравствени дом д -р Милутин Ивковиќ, утрово во изјава за телевизија Прва рече дека многу пациенти кои се жалат на болки во стомакот се всушност луѓе позитивни на ковид-19.

– Вирусот повторно мутираше. Луѓето кои доаѓаа од летни одмори во текот на јули, август и септември, главно од Црна Гора, имаа проблеми со стомачни болки – рече тој.






Тој додаде дека во последните 10 дена, многумина од нив го контактирале својот матичен лекар поради  стомачни проблеми и дехидрација, за подоцна да се покаже дека се позитивни на коронавирус.  Тој потенцираше дека 90 отсто од нив се невакцинирани граѓани.

– Што се однесува до смртноста, 95 отсто умираат невакцинирани. Ковид повторно ја покажува својата страна, ние се вртиме околу бројката од 7.000 заразени луѓе, со просек од 50 мртви луѓе дневно и полни болници. Здравствениот систем е преоптоварен, а редиците се формираат веќе во седум часот наутро – рече тој.

Стојановиќ посочи на проблемот со вакцинирање на лица помлади од 32 години, кој изнесува само 18 проценти.

Поврзани содржини