Дали комбинирањето на вакцините ја зголемува ефикасност? Објавени се првите резултати и какви последици остава врз луѓето!
Последиците од давањето на еден вид вакцина за првата доза и друг вид за втората доза се тестираат низ целиот свет за да се утврди дали ги прави подобри.
Cтудија предводена од Универзитетот во Оксфорд регрутирала 830 волонтери над 50-годишна возраст
Научниците и лекарите сè повеќе зборуваат за испитување на можноста за мешање на различни вакцини со цел да се продолжи времетраењето на имунитетот, да се создадат повеќе антитела и можеби посилна реакција на повеќе заразни варијанти на коронавирусот. Затоа се спроведуваат бројни студии, а првите резултати од едно истражување се веќе објавени.
Последиците од давањето на еден вид вакцина за првата доза и друг вид за втората доза се тестираат низ целиот свет за да се утврди дали ги прави подобри.
Една од овие студии наведува дека возрасните имаат поголема веројатност да пријават лесни до умерени несакани ефекти по земање доза на вакцина „АстраЗенека“, проследена со доза на „Фајзер“.
Треската, главоболката и болки во мускулите се почести кога се комбинираат дози на различни вакцини. Сепак, сите несакани ефекти траеја кратко, без други здравствени проблеми, пренесува „ВВС“.
– Тоа е навистина интригантно откритие, а не нешто што нужно го очекувавме – рече проф. Метју Снајп од Одделот за истражување вакцини од Оксфорд и еден од водачите на истражувањето.
Студија беше започната во февруари за да се види дали различни вакцини од втора доза можат да обезбедат подолготраен имунитет, подобра заштита од нови варијанти или едноставно да им дозволат на клиниките да ги заменат вакцините во случај на недостиг.
Канадските провинции Онтарио и Квебек соопштија дека планираат да мешаат вакцини во блиска иднина, поради несигурност во врска со пратките на вакцините „АстраЗенека“ и загриженост за ретки проблеми со тромбови.
Студијата, предводена од Универзитетот во Оксфорд, регрутирала 830 волонтери над 50-годишна возраст.
Првите целосни резултати се очекува да ги објави во јуни. Но, прелиминарните податоци сега се објавени во медицинското списание „Лансет“.
Еден од 10 волонтери на кои им биле дадени две дози на „АстраЗенека“, оддалечени четири недели, пријавиле треска – но доколку примиле една вакцина „АстраЗенека“ и една доза од „Фајзер“, по кој било редослед, процентот се искачил на околу 34%.
– Истите реални разлики беа видени и во други симптоми како што се треска, замор, главоболка, слабост и болки во мускулите – рече професорот Снејп.
– Она што ни го кажува ова истражување е дека не би сакале да вакцинирате оддел полн со медицински сестри на ист ден (мешани дози на различни вакцини), затоа што може да имате повеќе отсуства следниот ден – рече тој.
Во април, студијата беше проширена за да вклучи 1.050 волонтери за тестирање комбинации на вакцините „Модерна“ и „Новавак“, заедно со „АстраЗенека и „Фајзер“.
Кинезите размислуваат да комбинираат вакцини
Техниката на „последователна вакцинација“ или мешање на дози од две различни вакцини веќе е истражувана во клиничките испитувања од страна на некои глобални производители на вакцини против ковид-19, вклучувајќи ги и оние во Кина.
Во меѓувреме, кинеските здравствени власти соопштија дека размислуваат да се комбинираат вакцините за да се зголеми ефикасноста. „Синовак“ и „Синофарм“, два кинески производители кои извезуваа стотици милиони дози ширум светот, велат дека размислуваат да ги комбинираат своите вакцини со вакцините од другите компании.
Шефот на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Џорџ Гао, на медицинска конференција рече дека ефективноста на кинеските вакцини против ковид-19 „не е голема“ и дека Кина треба да разгледа опции како мешање на дози со различни вакцини за потенцијално зголемување на нивната ефикасност.
Коментарите на Гао беа во спротивност со наративот на кинеската држава за нејзините домашни вакцини, кои долго време ги промовираа највисоките кинески официјални лица како високо ефикасни и моќни алатки за запирање на пандемијата со ковид-19.
Во Хонг Конг во тек е уште едно испитување со кинеска вакцина.
Во март, Медицинскиот оддел на Универзитетот во Хонг Конг објави дека регрутира учесници за тестирање во кое ќе се мешаат дозите на кинеската вакцина „Синовак“ и вакцината „Фајзер“.
Д-р Иван Хунг, професор на Универзитетот во Хонг Конг и советник за реакцијата на градот кон ковид-19, на крајот на март рече дека истражувањето ќе биде важно за да се утврди дали мешањето на вакцините го зајакнува имунитетот против ковид-19. Но, тој рече дека поради недостаток на клинички податоци, во моментов не препорачува Хонг Конг да употребува мешавини на вакцини.
Други испитувања на мешање на вакцини се во тек и во други делови на светот каде се користат различни видови вакцини.
Кинески „Кансино биолоџикс“, наводно, е вклучен во разговори со рускиот производители на вакцината „Спутник V“ за да спроведе студија за ефект кога се користи една доза кинеска и една доза руска вакцина.