Дали клима уредите може да го развиорат вирусот во затворените простории?

Постои теоретска можност, дека капките што ги искашлал некој заразен со корона вирусот, а се наоѓаат на подот или на предметите, кога има доволно струење на воздухот поради работењето на клима-уредите, може да се подигнат и да се создаде опасност да се зарази некој друг - вели д-р Босилковски.

1,211

Со порастот на температурите, денеска во Скопје се прогнозираат 35 степени Целзиусови, а до 38 во земјата, во повеќето продавници, трговски центри, но и во болници и други јавни места почнаа да се вклучуваат клима уредите. За тоа дали работењето на овие уреди ја зголемува опасноста од ширење на ковид-19, како што предупредија експертите на почетокот од пандемијатата, д-р Миле Босилковски, инфектолог на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби појаснува:

– Клима уредите да не се пуштаат, бидејќи ја креваат прашината и постои можност од пренос на вирусот, со тоа што ќе се крене воздухот. Постои теоретска можност, дека капките што ги искашлал некој заразен со корона вирусот, а се наоѓаат на подот или на предметите, кога има доволно струење на воздухот поради работењето на клима-уредите, може да се подигнат и да се создаде опасност да се зарази некој друг. Иако не сум прочитал дека на тој начин се заразил некој – вели д-р Босилковски.






Тој додава дека дома може да се вклучуваат клима уредите, а на јавни места не се препорачува.

– Клима уредите ги вклучивме пред неколку дена, откако муштериите почнаа да се жалат дека им е жешко, а мораме и поради прехранбените производи коишто ги продаваме. Го запазуваме протоколот сите вработени и граѓаните коишто влегуваат да купуваат кај нас да носат маски задолжително, како една од главните мерки за спречување на пренос на вирусот – ни изјавија во продавница во скопската населба Аеродром.

За тоа кој е официјалниот став на Комисијата за заразни болести за ова прашање, чекаме информација  од Министерството за здравство.

Поврзани содржини