ДАЛИ КЕЈТ Е ДОБРО? Принцезата има само 40 килограми и нејзините нови слики ја вознемирија јавноста
Иако вестите за здравјето на принцезата се добри, расте загриженоста кај јавноста дека сопругата на принцот Вилијам никогаш не изгледала послаба.
– Кејт е болежливо слаба и луѓето се загрижени дека тоа е знак дека тешко се опоравува од третманот за рак – или, уште полошо, дека има рецидив – открива извор на Радар Онлајн.
Според изворите, принцезата од Велс ослабела речиси до загрижувачки 40 килограми.
– Помина низ премногу тешкотии и сака да биде тука за кралското семејство и да ја исполни својата улога, но очигледно не е добро – објаснил изворот.
– Се зборува дека има тежок период, нема апетит и како последица на тоа слабеe. Лицето ѝ е испиено, а речиси и да нема мускулен тонус. Кејт секогаш имаше атлетска фигура, но сега е далеку од тоа.
Таа помина низ исцрпувачко патување. Хемотерапијата не е лесен процес и остави траги врз неа.
Анонимниот извор додава и дека веројатно принцезата прерано се нафатила на премногу работи и дека е очигледно дека ѝ треба одмор.
Д-р Гејб Миркин, кој не бил вклучен во лекувањето на принцезата, изјавил за „Radar Online“ дека изгледот на Кејт може да биде знак дека таа не реагира добро на третманот.
– Кејт е сериозно неухранета со 40 килограми, 19 месеци по абдоминална операција, рак и хемотерапија. Ова сериозно губење на тежината може да биде предизвикано од самата хемотерапија, недоволна исхрана затоа што не се чувствувате добро или несоодветен одговор на третманот за рак. Тешкото губење на маснотии, мускули и коски може да ја ослабне способноста на имунолошкиот систем да се бори против ракот, објаснил докторот.