ДАЛИ КАТИЦА ЈАНЕВА И ТРОЈЦА ОБВИНИТЕЛИ ОД СЈО УЦЕНУВАЛЕ БИЗНИСМЕН, ДАЛИ СЕ КРИЕ РЕКЕТ 2? Обвинителството ги штити функционерите на СДСМ и на ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДСМ и ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

638

Во јавноста излезе нов скандал за криминалното владеење на СДСМ и на ДУИ, а судско обвинителскиот систем го крие и го заташкува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од 2% продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО продолжува верно да им служи и да ги штити криминалците кои го изгласаа, СДСМ и ДУИ. Информациите говорат дека постои Рекет 2 и дека Основното јавното обвинителство отворило предистражна постапка, но тука застанал целиот процес и предметот се ставил во фиока. Во случајот биле опфатени поранешната шефица на СЈО Катица Јанева и други тројца активни обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока затоа што се крие и се штити некој од СДСМ и ДУИ и дали со тоа им оставаат простор истите да ја дефокусираат јавноста, прашува партијата.

„Исто така, јавноста заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или пак да ги штити неговите наредбодавци од СДСМ и од ДУИ, па затоа во изминатата година дена не е поведена ниедна постапка за нивни поранешни функционери“, соопшти ВМРО-ДПМНБЕ.

Коцевски и ЈО да си ги оправдаат платите кои им ги даваат граѓаните и да се фатат за работа, за да ги истражат сите криминални дејствија и да донесат правда, повикува партијата.

„Доста кријат во фиоки предмети за да заштитат од кривична одговорност лица блиски до СДСМ и до ДУИ“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ДАЛИ ПОСТОИ СЛУЧАЈ РЕКЕТ 2 И ДАЛИ Е ВО ФИОКА? Обвинителството ги штити СДСМ и ДУИ, тврди Манасиевски

Поврзани содржини