ДАЛИ ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СЕ ЗА АМНЕСТИЈА НА ГРУЕВСКИ? Меџити и Гаши наѕираат потези на власта за враќање на поранешниот премиер

Пред три дена ипратеникот од Беса Фадил Зендели ги коментираше измените на законикот. Тој рече дека со нив му се овозможува на поранешниот премиер Никола Груевски, без око да му трепне, да се врати во Македонија како слободен човек.

1,031

Дали е точно дека идната недела ќе му биде вратена патната исправа на Никола Груевски, бидејќи со измените на Кривичниот законик тој автоматски се ослободува од одговорност за случајот ТНТ и за Траекторија, додека за другите кривични дела за кои е осуден ќе му се овозможи повторување на кривичната постапка?, праша на својот Фејсбук профил лидерот на Демократско движење, Изет Меџити.

Тој ги коментира измените на Кривичниот законик кој беше набрзина донесен и на изненадување на експертската и политчката јавност.






Денеска и претседателот на Алтернатива Африм Гаши преку соопштение на партијата праша:

-Дали Али Ахмети молел до небо претставници од меѓународната заедница, на еден состанок во Скопје, за да дозволат амнестирање на Никола Груевски?!

Пред три дена и  пратеникот од Беса Фадил Зендели ги коментираше измените на законикот. Тој рече дека со нив му се овозможува на поранешниот премиер Никола Груевски, без око да му трепне, да се врати во Македонија како слободен човек.

Зендели ги наброја сите предмети на СЈО во кои Груевски е осуден или обвинет или пак ќе има повторување на судските процеси, кои ќе значат слобода, бидејќи ќе бидат застарени поради новите, покуси казнени мерки.

На ова реагираше Груевски преку Фејсбук.

„Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество. Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес и уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех. И имаат причина за страв!“, напиша Груевски.

Поврзани содржини