ДАЛИ ИЗГОРЕ СУДСКАТА АРХИВА? Ноќеска гореа подрумите на судот во Куманово
Пожарот го ганеле седум пожарникари со два камиони
Ноќеска избувнал пожар во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово каде што е сместена архивата.
Пожарот го гаснеле седум пожарникари со два камиони, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
„ Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен“, информираат од РЦУК.