Дали Италија прерано ги ублажи мерките?
Како што пренесуваат италијанските медиуми, предупредувањата од научниците се однесуваат на тоа дека околу 80.000 Италијани се заразени со ковид-19, како и дека со секој нов потврден случај доаѓаат уште 5 до 10 нови заразени луѓе кои не се идентификувани, а несвесно ја шират заразата.
Италија веќе трет ден функционира по правилата на втората фаза во која луѓето мора да се навикнуваат да живеат со вирусот, кој, пак, како што предупредуваат научниците, сè уште циркулира во оваа земја. Од друга страна, некои научни истражувања во Италија покажуваат дека ублажувањето на мерките за заштита од коронавирусот е донесено прерано, пренесе „RTV“.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, предупредувањата од научниците се однесуваат на тоа дека околу 80.000 Италијани се заразени со ковид-19, како и дека со секој нов потврден случај доаѓаат уште 5 до 10 нови заразени луѓе кои не се идентификувани, а несвесно ја шират заразата.
Научниците констатираат дека земјата нема доволно тестови за масовна контрола на населението, а и апликацијата преку која треба да се надгледува ширењето на заразата сè уште е во фаза на развој. Како што додаваат, лабораториите сè уште не се опремени за серолошки тестирања, а не е воведено ниту следењето на епидемиолошката ситуација преку локалните амбуланти и матичните лекари.
И англискиот Империјал Колеџ предупредува дека без неопходните мерки за заштита, Италија ризикува за два месеца да има нови 23.000 починати од коронавирусот. Токму Империјал Колеџ, заедно со Универзитетот Оксфорд и Светската здравствена организација (СЗО) направи заедничка студија во која се наведени три евентуални сценарија за развој на епидемијата во Италија.
Прва претпоставка е дека карантинот и натаму ќе остане на сила, втората претпоставка е дека по целосниот карантин слободно ќе можат да се движат 20 отсто од вкупниот број на жители, а третата хипотеза е враќањето на слободата за 40 отсто од жителите. Оваа трета хипотеза, наведено е во документот, доколку се спроведе без неопходните мерки за заштита, најверојатно ќе доведе до десетина илјади нови починати од ковид-19.
Истражување за ситуацијата во Италија направила и Општата болница во Пекинг, а еден од заклучоците во студијата вели дека оваа земја прерано влегла во фаза на повлекување на мерките против пандемијата.
Кинеското истражување имало за цел да утврди зошто ширењето на заразата и нивото на смртност во Италија било поголемо од она во Вухан.
„Уверени сме дека Италија прерано го олабави карантинот, дури три месеци пред датумот одредениот датум. Пандемијата сè уште не е минато, па Италија ризикува втор бран на зараза“, гласи еден од заклучоците.