Дали Италија би застанала на нозе кога сите би го направиле ова? Го откажале одморот, но се одрекле од депозитот од 300 евра

2,756

Пар германски туристи го откажале одморот во Италија кој требало да го користат во јуни, но одлучиле да го остават депозитот од 300 евра иако имале право на поврат на парите.

Својот гест, тие го објасниле како „покажување на солидарност со Италија”.






– Мислиме дека ќе имате финансиски проблеми поради пандемијата, ако туристите не дојдат. Поради тоа сакаме да се откажеме од веќе уплатените пари – рекол овој брачен пар.

„Жал нѝ е што имате многу смртни случаи во Италија поради коронавирусот. Ви посакуваме добро здравје. Се срамуваме затоа што Германија не сака да ви помогне со еврообврзниците и се надеваме дека нашите политичари наскоро ќе го променат мислењето“, напишале тие во писмото кое го објавил хотелиерот од југот на Сардинија.

Како што понатаму наведуваат, тие се постари луѓе и за нив ова патување би било ризично.

„Го видовме вашиот хотел на интернет и ни се допадна. Се надеваме дека ќе го видиме следната година, ако тоа е биде возможно“, стои на крајот од писмото.

Поврзани содржини