ДАЛИ ИНДИЈА Ѝ ВРТИ ГРБ НА РУСКАТА НАФТА? Неколку индиските рафинерии ги стопираа нарачките за април

Иако во заедничката изјава на САД и Индија за трговската рамка не се споменува руската нафта, американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече царините од 25% за индиската стока, воведени поради купувањето руска нафта, бидејќи, како што рече, Њу Делхи „се обврзал да го запре директниот и индиректниот увоз“ на руска нафта.

258

Индиските рафинерии одбегнуваат купување руска нафта за испораки во април, а според извори од секторите за рафинирање и трговија, се очекува да продолжат со оваа практика подолго време, потег кој сесмета дека ќе ѝ помогне на Индија во преговорите со САД околу намалување на царините.

Трговец со нафта тврди дека рафинериите „Индијан Оил“, „Бхарат Петролеум“ и „Рилианс Индастриз“, не прифаќаат понуди за товарење руска нафта во март и април. Но, извори од рафинериите наведуваат дека овие компании веќе склучиле договори за некои испораки на руска нафта за март.






Повеќето други рафинерии веќе престанале да купуваат руска сурова нафта.

Иако во заедничката изјава на САД и Индија за трговската рамка не се споменува руската нафта, американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече царините од 25% за индиската стока, воведени поради купувањето руска нафта, бидејќи, како што рече, Њу Делхи „се обврзал да го запре директниот и индиректниот увоз“ на руска нафта.

И покрај ова, Њу Делхи официјално не ги објави плановите за суспендирање на увозот.

Индија стана најголем купувач на руска сурова нафта по намалени цени по руската инвазија на Украина во 2022 година, што предизвика западни санкции насочени кон енергетскиот сектор на Русија. Сепак, изворите минатиот месец изјавија дека Индија се подготвува да го намали увозот на руска нафта под 1 милион барели дневно до март, со цел на крајот да се намали на 500.000 до 600.000 барели дневно. Тоа е значителен пад во споредба со просекот од 1,7 милиони барели дневно минатата година и врвот од 2 милиони барели дневно во средината на 2025 година.

 

Поврзани содржини