Дали играта штотуку завршува?

Релациите со источниот сосед не се ни на мртва точка – тие регресираат кон конечен завршеток, кон наше целосно разнебитување во интерес на т.н. евроинтеграции. Вреди ли целта за таква висока цена? Да, во нормални времиња и услови. Не, во ваква смртоносна бугарска прегратка! Но, за тој потенцијален завршеток никој не говори ништо, ни јавно ниту „тајно“, во медиумите; повторно како и за „Преспанскиот договор“ се точ(ка)ат не само малигани во Белград туку и високи европски политичари повторно да нѐ убедуваат дека самоубиството е чин за почит. Исто како што го возвишуваа и Горбачов – лесна му земја – кој толкава држава ја сведе на московски пашалук. Но, Русија тоа можеше да го издржи, ние – којзнае?

2,058
Насловот, секако, е директна парафраза на Дугиновата реченица дека „руско-западните релации штотуку започнуваат“. Ние, вакви какви сме, одамна не започнуваме нешто. Ние – завршуваме, катастрофично го ништиме целиот општествен (образовен, културен, научен, политички… државен) капитал што ни го оставиле претходните генерации. Ние се плеткаме низ Балканов, по саеми се фалиме со вино додека културата се распаѓа, додека децата не ги добиваат учебниците навреме, додека клиниките ни се под вода… и државата пука по сите шевови.





Релациите со источниот сосед не се ни на мртва точка – тие регресираат кон конечен завршеток, кон наше целосно разнебитување во интерес на т.н. евроинтеграции. Вреди ли целта за таква висока цена? Да, во нормални времиња и услови. Не, во ваква смртоносна бугарска прегратка! Но, за тој потенцијален завршеток никој не говори ништо, ни јавно ниту „тајно“, во медиумите; повторно како и за „Преспанскиот договор“ се точ(ка)ат не само малигани во Белград туку и високи европски политичари повторно да нѐ убедуваат дека самоубиството е чин за почит. Исто како што го возвишуваа и Горбачов – лесна му земја – кој толкава држава ја сведе на московски пашалук. Но, Русија тоа можеше да го издржи, ние – којзнае?

Нашата катастрофална економска немоќ, еднаква на неспособноста на државното раководство, толку ја заслепува јавноста што сѐ друго станува неважно. Но не е. Спомнатата од минатиот пат компарација за културната политика во време на криза помеѓу Македонија („олеснета“ за цели 100 милиони евра) и Германија (со дополнителна културна „инфузија“ од цели 148 милиони евра!), е само дел од сликата за состојбите во целата држава (и) последниве пет години. Сите говорат за можниот крах на економијата, никој за дефинитивниот завршеток на културата. Иако, точно, уште Харари потврди дека без економија нема цивилизација. А цивилизацијата е – култура. Но, но – иако јас не сум тој кој би му парирал на Харари – економијата е обновлива и на краток рок, културата не е. Или, многу потешко.

Од друга страна, економијата, или стопанството (како што милуваме да ја нарекуваме), барем последниве две децении, постојано имало свои високи претставници во власта/владата и ги диктирало државните политики во економијата. Културата – никогаш. Таа немала ни министер со барем минорни познавања на културата, не пак личност која реално можела да се избори за поинаков третман на културата во државава. Тоа е најочигледно и денес, кога економијата, преку своите агилни претставници на стопанските комори, секојдневно предупредува на опасностите, а за културата говорат одвај неколкумина.

Затоа ли културата буквално дојде до ѕидот? Не само заради тоа, се разбира, и не само заради континуираното парчосување на нејзиниот буџет, туку заради фактот што културата одамна никој не ја спомнува како релевантен фактор во државата. Ја поттурнаа на опашката, или под неа, дури и во клучните „релации“ со Бугарија и нејзината перфидна „политика“, никој збор не кажува ниту за убиствените вистини на, на пример, проф. Тодороска, за повикот на Милчин, за текстовите на Геровски… и др. Притоа, навредите не доаѓаат само од истокот, туку и од внатре, од кај нас. По втор пат за неколку дена едно човече буквално блуе навреди за македонскиот народ и – никому ништо.

Премиерот и пола влада се шетаат низ Белград на некаква „Винска визија на Отворен Балкан“. „Културна визија“ не би ги интересирала, нели? А наместо да го влечкаат и „виртуозот“ Стефановски со нив да ги забавува, можат да отидат во прошетка по културните институции на Белград – Музејот на современата уметност, Народниот музеј, Конакот на књегиња Милица, Југословенско драмско… и др. – за да видат на кое рамниште е културата на само 450 км. од Скопје.  Или за онаков профил луѓе како македонската владина делегација е опасно да се влезе во културна институција? И имаат ли тие воопшто претстава што е тоа култура? И што ли претставувал Влатко Стефановски таму? „Десерт“, што би рекло човечено? За тоа ли служи културата?!

Едновремено, остана неодговорено и за кои и какви минати „мрачни времиња“ неодамна говореше министерката за култура! За 1945 година, за 1948, за 1956…? И што воопшто овие знаат за тоа време? Ако пак мислат на 2014-та, на пример, умеат ли да направат разлика, и која, и каква, би била таа? И има ли поцрно време од ова кога во услови на отворено негирање токму на сѐ што е поврзано со македонската култура во најшироката смисла на зборот се прави еклатантен цензорски (и финансиски) упад?

Ама културата ни ги кочи ЕУ перспективите, урлаат трабантите. Ма немој, а какви ви се тие перспективи со сегашниве социјалдемократски ждановисти и без македонската култура во нив? Од друга страна, кога беше најпотребно односно во првата деценија по 1991 година, кога македонските „дипломати“ дремеа по ходниците на евроинституциите или влегуваа на задна врата, токму македонската култура беше единствената гласна врска со регионот, Европа и светот.

Ама како тоа би го знаеле овие новоиспилени ждановисти за кои тогаш Лепа Брена и Миленко Ротквиќ беа врв на културата! Сега ги заменија Карлеуша и Цеца, ама која е разликата? И има ли помрачни времиња од овие каде културата ја влечкаат по вински саеми, кога со културните фондови си играат како со лего коцки, кога полуписмен полусвет добива простор јавно и без реперкусии да навредува цел еден народ?

Поврзани содржини