ДАЛИ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАФЕАНА ТРЕБА ДА ИМААТ ПОТВРДА ЗА КОВИД? Бизнисмените бараат појаснување од владата
Бизнисмените различно ги толкуваат мерките на владата бидејќи, како што велат, се недоречени и разбирливи.
Новите мерки за заштита од ширење на коронавирусот кои стапија на сила вчера се предизвикува дополнителни проблеми кај угостителите трговците од моловите и другите објекти опфатени со мерките поради нивната селективност и неспроведливост во практика што го отежнува економскиот тек и ја влошува и онака тешката финансиска состојба на претпријатијата и влијае на зачувување на работните места., изјави денеска стакнува Александра Андреева, член на Управен одбор на Сојузот на стопански комори.
Според неа, има повеќе дилеми околу мерките кои предивикуваат и различно толкување од фирмите. Како една од нив ја посочи дилемата дали и вработените во угостителските објекти, моловите и сите други објекти кои се опфатени со забраната, треба да имаат сертификат за вакцинација или потврда за поминати 45 дена од прележан ковид-19. Затоа, како што рече, се потребни дообјаснувања од владата.
– Моментално се случува при инспекциски надзор да се бара потврда за вакцинација за сите лица во објект, не правејќи разлика меѓу вработени и посетители со што постои потенцијална можност за ограничување на правата на личен избор на лицата вработени дали да се вакцинираат, за што се бара прецизирање и јасно објаснување дали влезот во објект е слободен за секој кој поседува доказ за имунизација или од ова се исклучок лицата во работен однос во овие објекти. Недореченоста на мерките од страна на владата во незавидна положба ги става и работодавачите кои не знаат дали и како треба да постапуваат – вели Андреева.
Во практика, додаде таа, при отсуство на одредба за лицата до 18 години угостителите самите одлучуваат како ќе постапат.
– Во пракса има многу случаи да не им се дозволува на овие лица да влезат со објаснување од редарската служба дека „изгледаат” повозрасни отколку што реално се, што немаат начин како да го докажат. Исто така нејасно е и дали лицата до 18 години влегуваат во вкупната бројка од 30 лица која се дава како услов за воведување на дополнителни мерки – вели Андреева.
На тој начин, додава таа се отвора простор за самоволно толкување и спроведување санкции од страна на институциите.
Угостителите веќе забележале појава на тргување со потврди за вакцинација за кои немаат начин да ја утврдат нивната веродостојност имено поради целосната неспроведливост и нелогичност на донесените мерки.
-Постојат голем број на дилеми и отворени прашања околу тоа како треба да се спроведат мерките, што отвора простор за нивно слободно толкување и оди во прилог на нивна неспроведливост во практика, а воедно не се допринесува за подобрување на здравствената состојба бидејќи голем број на потенцијални жаришта на можни зарази остануваат без било какви мерки на превенција, како јавниот превоз и институциите каде циркулираат стотици вработени и посетители – вели Андреева.
Дополнително, ваквата селективност и некоординираност во постапувањето со носење на неспроведливи и дискриминаторски мерки го отежнува економскиот тек и ја влошува и онака тешката финансиска состојба на претпријатијата и влијае на зачувување на работните места. Сојузот на стопански комори на Македонија е за воспоставување систем на заштита, но со мерки кои се логични и недискриминаторски, со кои не само про-форма, туку навистина ќе се постигне заштита на сите граѓани.