Дали и вие со соочувате со овој страв?

Пандемијата нè оддалечи од работните места и ги смени нашите личности. Како што доаѓа времето да се вратиме на работа, може да преземеме чекори за полесно да се вратиме во нормала.

477

Можеби ве повикале во понеделник на состанок на работа во канцеларија и чувствувате некарактеристична трема во стомакот. Уште пострашно – треба да го навиете будилникот во 7 часот наутро за да го фатите автобусот. Се превртувате цела ноќ во креветот вознемирени од раното почнување на утрешниот ден, пишува Кристијан Џарет за Би-Би-Си.

Ако се прашувате што ви се случува, не сте сами. Во последните месеци многумина од нас беа принудени да живеат без распоред. Можеби се чувствувате длабоко сменети поради пандемијата и се прашувате како повторно ќе се прилагодите на животот во канцеларија.






Знајте дека можете!

Можете да мислите на предизвиците на вашата личност – како што се вашите смелост, пријателство и амбиција – кои се дел од вашите вградени стратегии за справување со животот и за поврзување со другите луѓе.

Психолозите нè уверуваат дека луѓето по природа се мошне прилагодливи. Секогаш учиме и се менуваме. Иако нашите гени се основата на нашата личност, тоа не е целата приказна. Животните настани, социјалните улоги и врски исто така нè оформуваат. За многу луѓе малку животни настани биле радикални или бурни како што беше пандемијата. Не се менуваме на ист начин. Нема таква промена како „личност од карантин“, затоа што пандемијата делуваше различно на секого. Како и да е, за секого од нас, постојат некои шеми во промените кои поставуваат посебни предизвици како што се олабавуваат мерките.

На пример, ако како повеќето луѓе не сте во можност да се социјализирате повеќе, особено во живо, и сте поминале многу време сами, тогаш е можно да сте искусиле значителен пад во екстровертноста. Со тек на време можеби сте почувствувале помалку енергија и дружељубивост. Предизвиците кои изгледале како ветре сега изгледаат обесхрабрувачки. Студиите покажуваат дека осаменоста може да предизвика намалена екстровертност и серија психолошки промени кои понатаму може да ја влошат ситуацијата како што е зголемен страв од непознато и од отфрлање.

Ако сте останале без работа за време на пандемијата или работата ви била со недели или со месеци на пауза, веројатно сте искусиле пад во совесноста (во нивоата на самодисциплина и амбиција).

Истражувањата покажуваат дека невработеноста го има тој ефект поради губитокот на структурата на нашите денови, како и поради губитокот на наградите базирани на работата – работливост, точност и труд. Ова може да се манифестира како пад во вашата мотивација и како пропуст во помалку структуриран живот.

Како што напредува програмата за вакцинација и мерките се олабавуваат во секоја земја, економските аналитичари предвидуваат дека светот нема да се врати како што беше пред пандемијата. Се очекува економијата и можностите за работа да се развиваат со брзо темпо невидено со генерации. Тоа може да биде возбудливо време за кариерите на многу луѓе, но исто така може да биде обесхрабрувачко особено ако пандемијата ве оформила да станете поинтровертни и помалку совесни.

Нема ништо лошо да се биде интровертен, се разбира. Но ако професијата што сте ја избрале вклучува социјализирање, водство и многу енергија, тогаш со засилување на вашата екстровертност, ќе ви биде полесно повторно да се измешате со тимот, да се вмрежите и ги грабнете можностите.

Обидете се да бидете пооптимистични. Силните екстроверти се пооптимистични од другите луѓе, и тоа ги мотивира да бараат награда – тие очекуваат нештата да се одвиваат добро. Една од најдобрите вежби за засилување на оптимизмот е таканаречена Best Possible Self Intervention.

Поминете половина час секоја недела замислувајќи се себеси во иднината, откако сè минало во најдобар ред. Сте работеле напорно и сте успеале да ги исполните сите цели во животот. Повторувајте ја оваа вежба и со тек на време ќе видете дека се зголемува вашата волја и преземањето ризици.

Совесните луѓе немаат повеќе волја, туку тие се поразумни во избегнувањето на искушенијата. Како што се подготвувате за враќање на работа, можете да создадете поддржувачки навики да ви помогнат повторно да ја пронајдете самодисциплината што сте ја имале пред пандемијата. Со тек на време, ќе ви стане природно.

Бидете искрени за сегашната ваша верзија – само поради тоа што пандемијата ве сменила на начин кој е контрапродуктивен за модерното работно место не значи дека не можете да преземете чекори за да се прилагодите. Исто така, побарајте помош ако можете. Кажете им што сакате да постигнете или уште подобро видете дали ќе ви се придружат. Потпирањето на другите ќе ви ја засили мотивацијата и ќе го направи процесот на промена на личноста позабавен.

На крајот, вашиот шеф има клучна улога – ако можете кажете му дека сте се смениле после сè низ што сте поминале. Тим лидерите треба да покажат трпение, да дадат поддршка и да разговараат за тоа што очекуваат од тимот откако ќе се врати на работа.

Поврзани содржини