ДАЛИ И ОД ПОСЛЕДНИОТ ТЕНДЕР НА РЕК БИТОЛА ЌЕ ЌАРИ ВИЦЕ ЗАЕВ? ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во износот кој ќе се плати за ископ на јаглен

Сомневањето дека и од овој тендер ќе ќари братот на премиерот во заминување, ВМРО-ДПМНЕ го темели на информациите кои на јавноста преку писмо и ги посочи Боки-13  и високиот износ на парите кои РЕК Битола ќе треба да ги плати на фирмата која ќе го врши ископот.

1,051

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја праша власта дали тендерите во РЕК Битола  тешки милиони се напумпани за да може Вице Заев, братот на премиерот, да земе огромна провизија?

Ова пршање партијата го постави откако РЕК Битола во четири очи склучи договор за ископ на јаглен кој вреди 19 милиони евра. Сомневањето дека и од овој тендер ќе ќари братот на премиерот во заминување, ВМРО-ДПМНЕ го темели на информациите кои на јавноста преку писмо и ги посочи Боки-13  и високиот износ на парите кои РЕК Битола ќе треба да ги плати на фирмата која ќе го врши ископот.






 -Бојан Јовановски, главниот осуден во РЕКЕТ, преку своето писмо до Зоран Заев, со кого имал одлична комуникација тврди дека Вице Заев земал пари од газдите на фирмите кои добивале тендери во РЕК Битола, за што постојат докази во неговиот мобилен телефон. Јовановски посочува лица и ситуации, а институциите молчат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму се повикуваат на дел од писмото на Јовановски во кое тој наведува:

„Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола, веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова, господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен сојуз“.

– Сега се поставува логичното прашање, дали затоа последниот склучен договор за ископ на 1.4 милиони тони на јаглен во РЕК се плаќаат 19 милиони евра, односно 13 евра по тон, кога во исто време јагленот договорен од Косово го плаќаме 8 евра? Дали разликата од 5 евра по тон, односно 7 милиони евра вкупно треба да заврши кај Вице Заев, на истиот начин како што посочува Бојан Јовановски дека истиот тоа го прави.Која е економска оправданост да се плаќа и до 70% поскап ископ, ако не се работи за одредени други шеми?Дали народот ќе плаќа за Вице да ги полни џебовите и банкарските сметки? И сето тоа додека во РЕК се готват списоци за бркање на луѓе од работа – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини