ДАЛИ ГО ДОБИВТЕ „ЗЕЛЕНИОТ КОВЕРТ“ ОД ВАШЕТО ПЕНЗИСКО ДРУШТВО? Еве што треба да направите за да го добиете

Граѓаните треба да ги проверат и ажурираат нивните лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации

162

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС апелира граѓаните навремено да ги ажурираат своите податоци за да можат навремено да добијат информации од пензиските друштва за состојбата со нивните сметки.

Граѓаните треба да ги проверат и ажурираат нивните лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации.






-Со цел поголема транспарентност и континуиран увид во пензиските заштеди, пензиските друштва во Северна Македонија еднаш годишно доставуваат извештаи до своите членови кои се се уште вработени и пензионирани членови. Овие извештаи содржат детални информации за состојбата на индивидуалната пензиска сметка, доброволната индивидуална сметка, професионалната сметка и инвестициското портфолио. Извештаите се доставуваат во т.н. „зелен плик“, и ги опфаќаат податоците за претходната календарска година. Согласно регулативата, доставата се врши најдоцна до 31 март во тековната година – појаснуваат од МАПАС.

Оттаму велат дека е важно граѓаните да ги ажурираат податоците за да го добијат нивниот „зелен плик“ навремено и на точна адреса и затоа е важно да ги проверат и ажурираат лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации.

Ова е особено значајно за членовите на вториот и третиот пензиски столб.

Поврзани содржини